Претходно денеска од МВР соопштија дека 27-годишниот И. Р. утринава сам се јавил во полициска станица каде што пријавил дека околу 7:30 часот во семејниот дом со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани на својата 54-годишна мајка која потоа починала
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци го заврши увидот во Росоман каде што утринава 27-годишник ја уби мајка си. Во рамки на постапката е издадена наредба за обдукција на телото на починатата.

„Увидот е завршен, издадена е наредба за обдукција, како и други дејствија што треба да се преземат. Во текот на денот се очекува информација за натамошниот тек на постапката“,
соопштија од Обвинителството.
Претходно денеска од Министерството за внатрешни работи соопштија дека 27-годишникот рано утринава сам се пријавил во полициска станица. Тој околу 7:30 часот наутро во семејниот дом со употреба на остар предмет ѝ нанел убодни рани на својата 54-годишна мајка која им подлегнала на повредите.
