Во описот за случајот, од Обвинителството велат дека осомничените подолг временски период ги малтретираат месното население и соседите, а сега почнуваат дејствија на спречување вработени во надлежни државни органи и инспекциски служби од АХВ, како и униформирани полициски службеници
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Крива Паланка поведе постапка против татко и неговите две ќерки, осомничени дека со сила и закани спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со полициска асистенција да извршат одземање домашни животни или крупен добиток, информираат денеска од Јавното обвинителство.

Трите лица се товарат за кривичното дело спречување службено лица во вршење службено дејствие.
Имајќи ја предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, јавен обвинител до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите осомничени.
Во описот за случајот, од Обвинителството велат дека од однесувањето на таткото и неговите две ќерки произлегува дека и покрај досега преземени активности од голем број надлежни органи, осомничените подолг временски период ги малтретираат месното население и соседите, а сега почнуваат дејствија на спречување вработени во надлежни државни органи и инспекциски служби од АХВ, како и униформирани полициски службеници.
