По настанот осомничениот беше хоспитализиран. Бидејќи со подобрување на неговата здравствена состојба постои опасност тој да се даде во бегство, јавниот обвинител оцени дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на истрагата, информираат од Обвинителството.
Основното јавно обвинителство Скопје до Кривичниот суд доставило предлог за определување мерка притвор за лицето осомничено за двојното убиство во Стајковци.
Како што информираат од Јавното обвинителство, против лицето била поведена истражна постапка откако на 14 мај 2024 година, при вршење семејно насилство, во семејниот дом во Стајковци, тој со умисла ги лишил од живот својот брат и снаата.
Осомничениот, како што се наведува, прво ја нападнал снаата, удирајќи ја повеќе пати со метална шипка по главата, а потоа го пресретнал и братот, на кого исто така со шипката му нанел смртоносни повреди.
„По настанот осомничениот беше хоспитализиран. Бидејќи со подобрување на неговата здравствена состојба постои опасност тој да се даде во бегство, јавниот обвинител оцени дека мерката притвор е неопходна за непречено водење на истрагата, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување таква мерка“,
се наведува во соопштението од Обвинителството.