Од МВР во изјава за МИА потврдија дека најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани, во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група
Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, се на терен на местото на пожарот, соопшти Државното јавно обвинителство.
„Бројот на жртви и повредени во пожарот се утврдува. Сè уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈО ГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“,
се наведува во соопштението.
Од МВР во изјава за МИА потврдија дека најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани, во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група.
Според информациите објавени во дел од медиумите, пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе се наоѓа на местото на несреќата и се очекуваат првите информации за трагедијата. Кон местото на несреќата се упати и премиерот Христијан Мицкоски.