По завршување на гласањето, Комисијата која ги спроведува изборите во ВЈО Скопје го објави записникот од спроведеното гласање, додавајќи дека не констатирале никакви забелешки ниту од кандидатите ниту од избирачите
Јавната обвинителка Зорица Павловиќ од Основно јавно обвинителство Скопје доби најмногу гласови на изборите за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Скопје, со изборно место 3.

На изборите, кои денеска беа организирани, гласачкото место е затворено во 16 часот, по што Комисијата која ги спроведува изборите во ВЈО Скопје го објави записникот од спроведеното гласање.
„Од вкупно излезени 84 гласачи, кандидатот број еден, јавната обвинителка Јасмина Здравеска Костеска, од Основно јавно обвинителство Скопје доби 32 гласа, кандидатот број два, јавната обвинителка Сузана Кузмановска Мирческа од ОЈО ГОКК Скопје доби седум гласа и кандидатот број три, јавната обвинителка Зорица Павловиќ, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје доби 44 гласа. Едно гласачко ливче било неважечко“,
објави Комисијата додавајќи дека не констатирале никакви забелешки ниту од кандидатите ниту од избирачите.