Обвинето лице за шверцување мигранти денеска ѝ избегало на затворската полиција откако се одржало рочиште во Кривичниот суд во Скопје.
Од Основниот кривичен суд-Скопје информираат дека станува збор за настан што се случил надвор од Судот, а не во неговите просториите, за што е задолжена затворската полиција.
„Имено, се работи за обвинет што бил спороведен во Судот на рочиште по предмет поврзан со кривичното дело – криумчарење мигранти. При влез во судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки, како и протоколи за заштита од ширење на вирусот ковид-19“,
појаснуваат од Кривичен суд.
Воедно, во соопштението посочуваат дека за сите информации поврзани со денешниот настан медиумите може да се обратат до надлежната казнено-поправна установа и МВР.