Таткото е обвинет и дека при настанот ја загрозил сигурноста на четири присутни лица сериозно заканувајќи им се, а една од ќерките е обвинета и за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Таа телесно повредила полициски службеник што бил повикан да асистира при одземањето на говедата, влечејќи го и гребејќи го по лицето
Со поднесувањето на обвинението, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог притворската мерка да биде продолжена за таткото и за една од ќерките
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против таткото и двете ќерки за сторено кривично дело – спречување службени лица во вршење службено дејствие.

Во описот за случајот од Обвинителството, велат дека на 2 декември таткото и двете ќерки во местото Самоков, во близина на кривопаланечкото село Луче, спречиле вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да извршат службено дејствие и да постапат по правосилно решение за одземање крупен добиток.
„Таткото е обвинет и дека при настанот ја загрозил сигурноста на четири присутни лица, сериозно заканувајќи им се со напад врз нивниот живот и тело, со намера да ги вознемири и заплаши. Затоа тој е обвинет и за кривично дело – загрозување на сигурноста“,
се вели во соопштението од Обвинителството.
Една од ќерките, пак, е обвинета и за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Таа телесно повредила полициски службеник што бил повикан да асистира при одземањето на говедата, влечејќи го и гребејќи го по лицето.
Поради дејствијата на тројцата обвинети, вработените во АХВ биле спречени да постапат по решенијата и да го одземат добитокот од обвинетите.
Според Обвинителството, на трите лица им е определена мерка притвор во текот на постапката за обезбедување докази.
Со поднесувањето на обвинението, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог со кој предложи притворската мерка да биде продолжена за таткото и за една од ќерките.
