Надлежниот јавен обвинител, заедно со поднесеното обвинение, до Судот доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) поднесе обвинителен акт против 23-годишен маж од скопската населба Волково, поради обезбедени докази дека извршил други полови дејствија со дете кое не наполнило 15 години, согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Од Обвинителството велат дека делото било извршено во периодот од мај до јули годинава.
Според наводите во обвинителниот акт, мажот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија.
Во текот на извршувањето на дејствијата, тој ѝ се заканувал на жртвата дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко.
Надлежниот јавен обвинител, заедно со поднесеното обвинение, до Судот доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
