Финансирањето за итни случаи, насочено да помогне за закрепнување од економскиот пад предизвикано од пандемијата, веројатно ќе ја поттикне корупцијата низ цела Европа, предупредува Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Во нивна изјава се нагласува дека криминалците се многу приспособливи во кризни ситуации и ќе најдат начини да применуваат измами за помош.
Државите погодени од пандемија во блокот 57 држави на ОБСЕ ќе бидат дополнително соочени со корупцијата во наредните месеци, изјави Томас Гремингер за австриската новинска агенција АПА.
„Се сомневаме дека во наредните месеци ќе бидеме сведоци на многу поголема корупција“,
рече швајцарскиот дипломат и генерален секретар на телото со седиште во Женева.
Криминалците брзо се приспособуваат на слабостите на социјалните системи предизвикани од кризата со коронавирусот, наведува Гремингер додавајќи дека трговијата со луѓе, исто така, веројатно ќе се зголеми.