Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во своето обраќање до јавноста во врска со ситуацијата во Украина, изјави дека воената агресија на Русија против земјата, која веќе однесе многу човечки животи е чин кој силно го осудува.
„Сведоци сме на немили настани кои сметавме дека се далеку од нас, и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат на нашето и европско тло. Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе неколку животи силно го осудуваме. Во овие турбулентни времиња, сакам да ве уверам дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и дека во овој момент не постои директна закана за безбедноста на Северна Македонија. Владата внимателно ќе ја следи состојбата во Украина и редовно ќе ги информира граѓаните“,
истакна Ковачевски.
Премиерот упати порака до граѓаните дека треба да се спокојни, бидејќи како членка на НАТО, С Македонија може да смета на заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз на светот. Сепак, како што напомена Ковачевски, поголемите предизвици се од економски аспект, бидејќи глобалната енергетска и економска криза сега се продлабочува.
„Не очекува неизвесна година, каде економијата во Европа и светот ќе претрпи штети. Ги следиме од блиску промените во светските економски текови и ќе делуваме во интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните“,
рече Ковачевски во видео обраќањето.