Според досегашните податоци, Пенсилванија, Мичиген и Висконсин се клуч за победа на еден од кандидатите
Разликата меѓу претседателските кандидати Доналд Трамп и Џозеф Бајден во неколку сојузни држави постојано се менува, така што во Висконсин, која се смета за една од клучните држави, Бајден ја зголемува предноста пред Трамп, и таа сега изнесува околу 21 000 гласа. Во оваа сојузна држава остануваат да се пребројат уште околу 5 отсто од гласовите, што е нешто повеќе од 100 гласа.

Во Мичиген, исто така има промена во разликата, но тука во полза на Бајден, при што предноста на Трамп вомоментов изнесува само 12 000 гласа, а се очекува да се пребројат уште околу 450 000 (досега се преброени 86%).
Во Пенсилванија се преброени 75 отсто од гласовите и гласањето ќе продолжи подоцна. Таму во предност е Трамп со околу 600 000 гласа пред Бајден, но за пребројување има уште нешто повеќе од 1 милион гласа.
Во Невада каде броењето ќе продолжи утре наутро по локално време, со 86 отсто од преброени гласови води Бајден со 8 000 гласа, но има голем број гласови кои се уште не се преброени, а се од предвременото гласање.
Во Џорџија досега се преброени 94 осто одгласовите и разликата меѓу Трамп и Бајден е над нешто повеќе од 100 000 гласа во полза на актуелниот претседател. Но, остануваат за пребројување уште 6 отсто од глаовите, што е околу 240 000 гласа.
Според досегашните податоци, Пенсилванија, Мичиген и Висконски се клуч за победа на еден од кандидатите.
Според досегашните податоци Бајден освоил 224 електорски гласови, а Доналд Трамп – 213, но за победа на изборите неопходно е еден од кандидатите да добие 270 електорски гласови.
Како се движат резултатите во живо, може да следите на интерактивната мапа тука.