Товарните и патничките возови на мостот на Крим се движат според распоредот, соопшти руското Министерство за транспорт. Како што пренесе РИА Новости, преку мостот поминале 13 возови од обновувањето на железничкиот сообраќај. Според компанијата „Гранд Сервис Експрес“ ,осум возови го поминале мостот кон Крим и пет во спротивна насока. Во возовите имало околу 6 илјади патници.
„Железничкиот сообраќај на Кримскиот мост на товарни и патнички возови на долги релации се одвива во согласност со стандардниот распоред“,
соопшти Министерство за транспорт.
Железничкиот сообраќај на мостот беше обновен уште во текот на вечерта. Најпрво преку мостот поминаа тест товарни возови, а потоа патничкиот воз Симферопол-Москва.
Мостот беше оштетен по експлозијата која се случи утрото во саботата во која загинаа три лица. Според руските власти станува збор за камион кој експлодира околу 6 часот од кој се запалија и цистерни со гориво во возот што во тој момент поминувал таму.
По вчерашната експлозија на мостот, рускиот претседател Владимир Путиннареди построго обезбедување на Кримскиот мост, како и инфраструктурата за електрична енергија и гас до полуостровот.
Украина не ја презеде одговорноста за експлозијата. Иако , советникот на украинскиот претседател Зеленски, првично порача дека случувањата со мостот на Крим се само почеток, подоцна во текот на вчерашниот ден, Подољак на Твитер напиша дека виновни за експлозијата се руските моќници.