Според најавата на УХМР, утре и во четврток времето ќе се стабилизира, а во текот на ноќта во четврток и во петок ќе има нови пообилни врнежи
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува облачно време со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 7 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 2 до 13 степени.
Времето во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд и засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 3 до максимални 9 степени.
Според најавата на УХМР, утре и во четврток времето ќе се стабилизира, а во текот на ноќта во четврток и во петок ќе има нови пообилни врнежи.
