Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 Целзиусови степени додека максималните ќе се искачат од 5 до 12 степени
Облачно со повремен дожд – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Врнежите ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови од земјата каде што ќе наврнат и над 15 литри на квадратен метар. На планините ќе има врнежи од снег.

„Поради продор на постуден воздух вренежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе има појава на магла во одредени котлини“, велат од УХМР.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 Целзиусови степени додека максималните ќе се искачат од 5 до 12 степени.
Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Температурите ќе се движат од 4 до 11 степени.
