Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 3 до 13 степени
Облачно и студено време со врнежи од дожд – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Врнежите на повеќе места ќе бидат пообилни, а на планините дождот ќе преминува во снег.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 1 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 3 до 13 степени.
Времето во Скопје ќе биде облачно и студено со повремен дожд, повремено пообилен. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од миниманлни 10 до максимални 11 степени.
До петок времето ќе биде облечно и студено со врнежи од дожд. Под влијание на влажен и студен бран од север, на планините се очекува дождот да премине во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, како што најавува УХМР, ќе има услови за снег и на некои од повисоките места.
Од сабота се очекува стабилизирање на времето со ниски утрински и дневни температури во пораст.