Вкупното попишано население е 2 097 319 лица, а за 132 260 лица податоците се преземени од административни извори
Во Северна Македонија живеат 1 836 713 лица, според резултатите од пописот 2021 година, кој беше спроведен од 5 до 30 септември минатата година, објави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски кој оцени дека државата спроведе успешен попис.
Бројот на вкупното попишано население е 2 097 319 лица. Во земјава живеат (резидентно население) 1 836 713 лица, а бројката на нерезидентното население изнесува 260 606 лица.
За 132 260 лица податоците се преземени од административни извори.
*Повеќе вести поврзани со пописот:
- Објавени резултатите од пописот 2021: Во земјава живеат 1 836 713 лица
- Пописот низ етничка призма: Во земјава живеат 58,44% Македонци, 24,3% Албанци, 7,2% „непрашани“, 3,8% Турци…
- Кај 132 260 жители графата за етничката припадност е празна, најмногу ги има во Скопје, Куманово и Струмица
- Во земјава живеат 3 504 лица што се декларираат како Бугари
- Попис 2021: Скопје има речиси 20 илјади жители и над 50 илјади стана повеќе од 2002 година
- Ковачевски: Пописот содржи релевантни информации
- Ахмети се огласи за пописот: Во Скопје сега има 22,8% проценти Албанци, наспроти од 20,04% во 2002 г.