Покрај протоколот за градинките Владата ги објави и протоколите за уписите на првачињата и на средношколците за учебната година 2020/2021 година.
Запишувањето на првачињата ќе се одвива текот на јуни, а конкретните датуми ќе ги утврдуваат комисиите во секое училиште, како што и предвидува Законот за основно образование.
При уписите, со детето ќе може да оди само еден од родителите, а помеѓу разговорот со едно дете и тоа по него, ќе треба да се прави пауза од 20 минути. Просториите каде ќе се прават разговорите со децата треба да бидат доволно големи за да има растојание помеѓу присутните од два метри, а по секој разговор просторијата ќе треба да се чисти.
Кога станува збор за упис на средношколци во прва година, пак, тој ќе се одвива во период од 7 до 19 часот. Пред секое училиште мора да има по двајца редари за да одржуваат ред и да се запази растојание меѓу учениците од 2 метри. Исто и во училиштето ќе има по два редари.
На денот на уписот во исто време во училиштето ќе може да влегуваат од 1 до 6 ученици во зависност од просторот.
Објавен и посебен протокол за приемни испити во математичко-информатичката гимназија во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“.
ПРОТОКОЛЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА
1. Запишувањето на ученици во прво одделение во основните училишта се спроведува во месец јуни во термин утврден од страна на Комисијата за запишување на ученици формирана од страна на директорот на училиштето, согласно Законот за основното образование.
2. Помеѓу секој термин за разговор со секое дете потребно е да има пауза во траење од најмалку 20 минути.
З. Средство за дезинфекција на обувките и рацете задолжително се поставува на влезот од училиштето.
4. Училиштето на влезот на училиштето поставува едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена.
5. Разговорот со детето кое се запишува во прво одделение се врши во просторија во училиштето, определена за таа намена, која треба да овозможи најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата.
6. Во просторијата може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од родителите/старателите на детето.
7. Членовите на комисијата за запишување и родителот/старателот на детето задолжително носат заштитна маска на лицето и ракавици.
8. Во просторијата каде што се спроведува разговорот со детето задолжително д а се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол).
9. Просторијата во која се спроведува разговорот со детето е потребно почесто да се проветрува, по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите.
10. За време на паузите се забранува групирање на присутните во училиштето.
11. По завршување на разговорот, потребно е просторијата да се исчисти (особено работната површина на која се работело со детето) и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 7096 алкохол за дезинфекција за горни површини.
12. Во просторијата за разговор и на излезот на училиштето потребно е да се обезбеди корпа за отпадоци со капак.
13. Во училиштето е потребно редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
ПРОТОКОЛ за на средните училишта воРепублика Северна Македонија за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година
1. Запишувањето на ученици во средните училишта да се одвива во период од 07:00 часот до 19:00 часот.
2. Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени во средното училиште.
З. Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа. 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
4. Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
5. Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните ученици во просторијата.
6. Организирање на прием на потребните документи за упис согласно конкурсот со обезбедување на приемни места согласно предвиденото растојание и просторот со кој располага училиштето.
7. Овозможување на влез на 1 до 6 ученици во училиштето во зависност од просторот со кој располага за прием на документи, во принцип бројот на ученици да биде еднаков на бројот на приемните места.
8. Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител, во посебен случај доколку ученикот е спречен од оправдани причини се овозможува влез само на 1 родител / старател, кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кои влегуваат во училиштето.
9. Доставување само на комплетни документи согласно условите на конкурсот, придружени со претходно потполнета пријава за запишување, кој се презема од веб страната на Министерството за образование и наука.
10. средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред просториите каде се врши запишување на учениците, со цел учениците да се дезинфицираат при влез во училиштето и излез од училиштето.
11. Задолжително редовно вршење на дезинфекција на клупите и просторот во училиштето со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот
12. На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини.
13. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
14. Средните училишта кои имаа два влеза/излези може да организираат влез од едната страна и излез од другата страна.
15. Доставувањето на документите од страна на ученикот, односно родителот/ старателот е согласно распоред според азбучен ред од презимето.
ПРОТОКОЛ за Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците во учебната 2020/2021 година
1. Полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски” да се одвива во период од 10:00 часот до 17:00 часот.
2. Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови.
З. Задолжително вршење на дезинфекција на клупите во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, разгледувањето на приговорите со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
4. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот од страна на сите вработени во средното училиште.
5. Користење на заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, од страна на сите ученици.
6. Организирање на просторот во училниците со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри, за присуство на максимум 10 ученици во една училница.
7. Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
8. Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
9. Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител, кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кои влегуваат во училиштето.
10. Задолжително носење документ за лична идентификација, математички прибор (молив, гума, шестар, линијар, пенкало).
11. Забрането е користење на калкулатор и телефон.
12. средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите.
13. На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,0596 натриум хипохлорит (596 белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 7096 алкохол за дезинфекција на горни површини.
14. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.