Целта, како што велат од прес-службата на парламентот, e модернизација на институционалниот и визуелен идентитет на Собранието преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните и вредностите, мисијата и визијата на институцијата
Собранието денеска објави јавен конкурс за изработка на лого на законодавниот дом.

Целта, како што велат од прес-службата на парламентот, e модернизација на институционалниот и визуелен идентитет на Собранието преку изработка на заштитен знак, кој треба да ги одразува националните и вредностите, мисијата и визијата на институцијата.
Дизајнот треба да биде уникатен и неупотребуван досега, а авторот на тој начин да обезбеди ексклузивност на дизајнот и да гарантира дека конечниот труд нема да повредува какви било интелектални права.
Во повикот се објавени главните елементи кои треба да ги содржат идејните решенија за изработка на логото и критериумите што треба да бидат задоволени. Секој учесник на конкурсот има право да поднесе најмногу три идејни решенија за лого на Собранието. Предлозите ќе ги разгледува посебна комисија формирана од претседателот на Собранието. Рокот за доставување на предлозите е 45 дена од денот на објавување на конкурсот.