Поради обилни врнежи од дожд и излевање на Раечката Река, кај селото Раец, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп од 7:20 е во целосен прекин. Како што информираат од АМСМ, на клучката кај местото кое се нарекува „Мотел Дреново“, на коловозот има огромно количество вода, додека пак кај „Плетвар“ пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Екипите на „Македонија пат“ во моментот работат на расчистување на теренот, а сѐ уште нема информации кога патот ќе биде прооден повторно.

