По целосното расчистување и документирање на случајот, од СВР Охрид велат дека против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави

Две лица од Струга и струшко се приведени под сомнение за обид за убиство на 52-годишен жител од дебарското село Џепиште, информира СВР Охрид.
Осомничените, 29-годишниот А.К. од Струга и 34-годишниот Л.К. од селото Велешта, на улицата ЈНА во Струга употребиле метални предмети врз Б.А. (52) и 17-годишно лице, двајцата од Џепиште. По нападот со метални предмети, Л.К. испукал неколку куршуми кон Б.А. од пиштол, по што избегал.
По преземените полициски мерки, двајцата осомничени се пронајдени и лишени од слобода. Повредениот Б.А. е пренесен во Општата болница во Струга, каде што му се констатирани тешки телесни повреди.
По целосното расчистување и документирање на случајот, од СВР Охрид велат дека против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.