Цел на нападот била резиденцијата на премиерот во Зелената зона во Багдад, каде се наоѓаат владини згради и странски амбасади. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот

Обид за атентат синоќа се случил врз резиденцијата на ирачкиот премиер Мустафа ал Казими во Зелената зона во Багдад, но Казими, како што соопштија од неговиот кабинет, се извлекол неповреден.
„Премиерот Ал Казими не е повреден во обидот за атентат со беспилотно летало наполнето со експлозив во ноќта меѓу саботата и неделата“,
соопшти неговиот кабинет.
Цел на нападот била резиденцијата на премиерот во Зелената зона во Багдад, каде се наоѓаат владини згради и странски амбасади.

Два безбедносни извори претходно за француските медиуми потврдија дека резиденцијата на премиерот била погодена од „ракета“ додека приврзаниците на проиранските групи мирно протестираа на влезот во Зелената зона против резултатите од предвремените парламентарни избори на 10 октомври.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.