Државата обезбедила 50 респиратори, а сите треба да стигнат во текот на јуни, сооппшти денеска вицепремиерот Бујар Османи кој е и координатор за странска помош во текот на кризата со коронавирусот.
„Обезбедивме дополните 50 респиратори преку заедмот на Светска банка, а кои ги обезбеди УНДП по најповолни цени. 10 доаѓаат до 5 јуни, 10 до 15 јуни и дополнителни 30 до крајот на месецот. Тоа значи дека со тие од ЕУ вкупно се 70 респиратори, а проценка на Министерството за здравство е дека тоа е доволна количина покрај тоа што го има за да се обезбедат потребите на нашите клиники“,
соопшти Османи.
