Поранешниот американски претседател вели дека тој и сопругата се благодарни што се вакцинирани и го зајакнале својот имунитет. Мишел, додаде тој, добила негативен тест

Поранешниот американски претседател, Барак Обама е позитивен на тест за ковид-19.
Информацијата во текот на вчерашниот ден ја потврди самиот Обама на Твитер и додаде дека се чувствува добро, само што го „гребе“ грлото.
„Јас и Мишел сме благодарни што се вакцинираме и што го зајакнавме нашиот имунитет, нејзиниот тест беше негативен“,
напиша Обама.