На собраниската седница на 8 јуни министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изјави дека моментно се прават консултации со Асоцијацијата на архитекти, Комората на овластени инженери, НВО-секторот за ова законско решение за легализација на дивоградбите и дека очекува за две недели да биде готова првичната верзија на новиот закон за легализација на дивоградби, која ќе биде промовирана пред јавноста и во Собранието
Препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање е во заштитените подрачја да се легализираат само дивоградбите што се дом на жители.
„Сакам да се повикам на Законот за нелегални градби. Јасно е укажано дека без дозвола од МЖСПП, каде што ќе се предвидува и постоење на зелени површини околу тие градби, нема да се добијат дозволи за градба, тоа се нашите укажувања. Законот се врати пак на Влада, на владина расправа, а нашата препорака од МЖСПП е дека треба да се легализираат само оние градби кои што се во сопственост на граѓани на жители кои живеат во нив“,
изјави денеска министерот Насер Нуредини.
На почетокот на овој месец предлог-законот за за легализација на бесправно изградени објекти беше повлечен од дневен ред на Собранието, по ветото од претседателот Стево Пендаровски.
На собраниската седница на 8 јуни министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изјави дека моментно се прават консултации со Асоцијацијата на архитекти, Комората на овластени инженери, НВО-секторот за ова законско решение за легализација на дивоградбите и дека очекува за две недели да биде готова првичната верзија на новиот закон за легализација на дивоградби, која ќе биде промовирана пред јавноста и во Собранието.
Бочварски рече дека, по изготвувањето на новиот закон, ќе следува дебата со сите политички партии. Очекува да се донесе законот во интерес на граѓаните кои се од социјално ранливите групи, бидејќи, како што вели, доколку не му се даде зелено светло, во тој случај општините ќе можат да ги уриваат ваквите домови, кои се над 50 000.
