Агенцијата за јавен транспорт во Њујорк најави дека почнува пилот програма за употреба на УВ-зраци со кои ќе ги чисти и дезинфицира автобусите, возовите и страниците за чекање, пишува „Си-ен-ен“.
За почеток ќе се користат 150 мобилни уреди со УВ-Ц зрачење од компанијата „ПУРО Лајтинг“ за да се утврди ефикасноста и економичноста од користење од користење на оваа технологија.
Ова зрачење, кое се прави додека просториите се празни, помага за дезинфекција и на воздухот и на површините.
Зрачењето на автобусите и возовите во Њујорк е планирано да се прави навечер додека тие не се во употреба.