Според него, долгот на Франција, чија каматата изнесува 60 милијарди евра годишно, е прашање што покрај финансиски, претставува и морален проблем
Свесен сум за сериозноста на политичката и буџетската ситуација во земјата, изјави денеска новиот француски премиер Франсоа Бајру кога ја презеде функцијата од својот претходник Мишел Барние, пренесуваат странските медиуми.
„Знам сè за Хималаите пред нас“,
рече тој во палатата Матињон, која е седиште на француската влада.
Според него, долгот на Франција, чија камата изнесува 60 милијарди евра годишно, е прашање што покрај финансиски, претставува и морален проблем.
Франција е втора по големина економија во еврозоната, а нејзиниот дефицит достигнува 61 отсто од бруто-домашниот производ (БДП).
Новиот франциски премеиер има задача да го обезбеди буџетот за следната година.