Новинарите, пак, немаат право да се движат слободно во зоната за која се акредитирани, туку мора да стојат надвор пред платото
Новинарите што го следат одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ не смеат да влезат во црквата. Таму им е дозволен влез само на снимателите и фоторепортерите. Но ако тие влезат, потоа не смеат да излезат.
Новинарите, пак, немаат право да се движат слободно во зоната за која се акредитирани, туку мора да стојат надвор пред платото.
Вакви правила диктираат владини претставници од протоколот кои им ја отежнуваат работата на акредитираните медиуми.
Службеничката Ирена Смиљанска од Владата им посочи на новинарите на „360 степени“ дека пред платото може да снимаат само со телефон.