Нападите, како што соопштија украинските сили, биле извршени со 16 различни вида ракети и 20 офанзивни беспилотни летала од типот „шахед“. Уништени или оштетени се десетици возила, како и девет станбени згради, неколку приватни домови, продавници, градинка и административни згради, соопшти гувернерот на Днипро
Експлозии во текот на ноќта одекнале во градот Днипро, како и во Запорожје и Харков, а сирените за предупредување од воздушен напад биле активирани синоќа во 3:48 часот во цела Украина, јавува „Киев индепендент“, пренесува „Гардијан“.

Според информациите, и градот Одеса доцна синоќа бил погоден од руски беспилотни летала.
Гувернерот на Днипро, Серхиј Лисак, во објава на Телеграм им се заблагодари на одбранбените сили додавајќи:
„Го издржавме нападот“
Тој подоцна соопшти дека дека 15 беспилотни летала и четири крстаречки ракети биле соборени над регионот, додека осум лица биле повредени, од кои тројца се пренесени во болница.
Уништени или оштетени се десетици возила, како и девет станбени згради, неколку приватни домови, продавници, градинка и административни згради, соопшти гувернерот на Днипро.
Нападот, како што соопштија украинските сили, бил извршен со 16 различни вода ракети и 20 офанзивни беспилотни летала од типот „шахед“. Украинската противвоздушна одбрана, како што информираа оттаму, успеала да ги собори дроновите и четири крстосувачки ракети.
Според Лисак, еден маж бил ранет во градот Днипро, а седум лица се повредени во областа Синелникивски во регионот Днепропетровск, објави Ројтерс.