Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 е 75 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 77 денари, а еуродизел (Д-Е-V) за 73 денари за литар
Од ноќеска на полноќ поевтинуваат бензините за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот. Ова е денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

Новата малопродажна цена на еуросупер БС-95 е 75 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава за 77 денари, а еуродизел (Д-Е-V) за 73 денари за литар.
Малопродажната цена на екстралесното масло за домаќинство не се менува и останува 69,5 денари за литар.
За 0,756 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 34,865 денари.
Од Регулаторна велат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,335 отсто, кај дизелот има зголемување за 1,379 отсто, а кај екстралесното масло за 0,51 отсто, додека кај мазутот има намалување за 3,089 отсто.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,335 отсто, кај дизелот има зголемување за 1,379, а кај екстралесното масло за 0,51 отсто, додека кај мазутот има намалување за 3,089 отсто.
