Собирот, свикан од неформални граѓански здруженија, започна од Плоштадот на слободата во центарот на Нови Сад, a продолжи пред Железничката станица. Присутните им оддадоа почит на жртвите со 16-митутен молк, а секоја минута се читаше името на една од жртвите
Со комеморативен собир во Нови Сад вечерва беа одбележани 13 месеци од уривањето на натстрешницата на Железничката станица што се случи на 1 ноември 2024 година, при што загинаа 16 лица.
Собирот, свикан од неформални граѓански здруженија, започна од Плоштадот на слободата во центарот на Нови Сад, a продолжи пред Железничката станица.

Присутните им оддадоа почит на жртвите со 16-митутен молк, а секоја минута се читаше името на една од жртвите.
„Да се потсетиме – поминаа 13 месеци, 16 се убиени, нула се одговорни. Борбата продолжува“,
порачаа присутните на крајот од собирот.
Претходно денеска, во 11:52 часот, на истата локација се одржа комеморација, на покана на група студенти од Нови Сад. Собирот помина без транспаренти и говори. Во поканата за собирот, студентите порачаа дека протестите нема да запрат сè додека нема правда и додека сите ивволвирани не сносат одговорност.
Комеморативни собири денеска се одржаа и во Суботица, Ниш и Белград.
Во Србија повеќе од една година се одржуваат протести со кои се бара кривична одговорност од владата предводена од Српската напредна странка (СНС) за смртта на 16 лица при уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад.
