Поради употребата на полициска сила на синоќешниот протестот во Нови Сад, вечерва собири освен пред полициската станица во Белград, се одржаа и во Крагуевац,, Чачак, Сремска Митровица и Суботица
Стотици граѓани вечерва се собраа во Белград и други градови во Србија како реакција на синоќешната интервенција на полицијата на протестот во Нови Сад, во која беа употребени шок бомби, солзавец и палки врз студентите во блокадата кои демонстрираа под слоганот „Србија, дали се слушаме?“.

Поради употребата на полициска сила на протестот во Нови Сад, вечерва собири освен пред полициската станица „29 Ноември“ во Белград, се одржаа и во Крагуевац,, Чачак, Сремска Митровица и Суботица, објавија телевизијата Н1 и агенцијата Бета.
На собирот пред полициската станица на булеварот „Деспот Стефан“, насобраните го блокираа патот, пренесе регионалниот сервис на Радио Слободна Европа“, a според Н1, на местото е присутна само сообраќајна полиција.
Студентите во блокадата претходно денеска објавија дека ги повикуваат граѓаните на Нови Сад да не „се собираат во кампусот или во негова близина“, наведувајќи дека според информациите што ги имаат, „постои можност секое такво собирање да се искористи како причина за упад во некој од слободните факултети“.
— Blokada PMF Novi Sad (@blokadapmf) September 6, 2025
На протестот во Нови Сад во петокот вечерта по инцидентот, кога мала група маскирани демонстранти нападнаа припадници на полицијата пред Филозофскиот факултет, стотици припадници на полицијата ги растераа собраните на протестот со употреба на сила, солзавец и топовски удари.
Студентите во блокадата на овој протест повикаа, наведувајќи дека тоа е одговор на „полициската бруталност“, како и на „неоправданото присуство на полицајци во зградите на два факултета во Нови Сад“.
Денеска студентите во блокадата повикаа на собири со пораките „Нови Сад не го простуваме“ и „’Рбет против насилството“.
Novi Sad ne praštamo.
— FDU u blokadi (@sviublokade_fdu) September 6, 2025
Vidimo se na akciji zborova, svi zajedno!#svinaulice pic.twitter.com/ipmRYmy0UG
Инаку, постапувањето на полицијата го осудија две парламентарни групи во Европскиот парламент – Зелените и Социјалисти и демократите. Тие, исто така, жестоко го критикуваа спрскиот претседател, Александар Вучиќ поради навредите што ги упати кон Европската зелена партија чии претставници беа во Нови Сад на покана на опозицискиот Зелено-лев фронт.
Вучиќ во обраќање по синоќешниот потест рече дека на демонстрантите во Нови Сад „им помогнале ѓубриња од Европската зелена партија, кои „дошле во Нови Сад за да го поддржат ова насилство, порачувајќи дека ќе бидат гонети согласно српските закони.