Според студијата од Универзитетската болница од Нанси и Француската болничка федерација, од 3 500 и 5 000 луѓе би можеле да бидат примени на интензивна нега, што е близу бројката за време на пикот во средината на ноември
Ако не се преземат ограничувачки мерки за спречување на епидемијата на ковид-19 пред 7 јануари, од 22 може да се достигне рекорд во однос на бројот на хоспитализирани во Франција, предупредува студија од Универзитетската болница од Нанси и Француската болничка федерација. Во неа се посочува дека и бројот на заразени со вирусот може да започне повторно да расте по празниците на крајот на годината, јави МИА.
Болниците од 22 јануари би можеле да се под силен притисок, особени одделенијата за интензивна нега, проценува Кристијан Рабо, специјалист за инфективни болести и претседател на Медицинска комисија на Универзитетската болница од Нанси.
„Околу 4 јануари, можеме да претпоставиме дека уште 500 кревети на интензивна нега ќе бидат пополнети. Во моментов се користат околу 2 800. Помеѓу 7. и 22. јануари, работите ќе продолжат да прогресираат, многу повеќе отколку до 7-ми јануари. Така, можеме да стигнеме до 5 000 пополнети кревети на 22-ри, што е многу силен притисок за болниците“,
рече тој.
Тој овие негови предвидувања ги темели на проценките во студијата, според кои од 3 500 и 5 000 луѓе би можеле да бидат примени на интензивна нега, што е близу бројката за време на пикот во средината на ноември.
Дополнителна тензија создава и намалувањето на бројот на медицинскиот персонал, бидејќи повеќе болничар(к)и, како и студент(к)и по медицина, ќе бидат на одмор во овој период.
