Надоместокот е зголемен на сите автопати, а тоа варира во зависност од должината на патувањето, односно на кој од излезите ќе се напушти автопатот

Од почетокот на годинава цените на патарините во Србија се зголемени за возила од сите категории. Известувањето е објавено на веб-страницата на „Патишта на Србија“ каде што може да се најде и ценовникот.
Надоместокот е зголемен на сите автопати, а тоа варира во зависност од должината на патувањето односно на кој од излезите ќе се напушти автопатот.
Во ценовникот со наслов „Посебна такса за користење на патарина“ е наведено дека важи од 1 јануари во 7 часот наутро.
На веб-страницата може да се пребаруваат сите цени на патарина, вклучително и за мотоцикли, патнички автомобили и камиони со приколки.
Патарината од Прешево до Белград за патнички возила сега чини 2 060 динари, а потоа за до Суботица треба да се доплати уште 850 динари.
Цените на патарините последен пат се променети на 4 јули минатата година кога се зголемени во просек за 4,3 проценти по поминат километар.
