Синоќа сеизмолозите известија дека до 20 часот и 40 минути се регистрирани 46 потреси во епицентралното подрачје на Петриња
Уште еден земјотрес утрово во 7:50 часот ги погоди хрватскиот град Петриња и околината. Земјотресот се почувствувал и во Загреб.
Сеизмолошкиот завод јави дека потресот е со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, пренесува „Индекс“.
Областа околу Петриња во Хрватска и претходно беше погодена од земјотрес со интензитет од 3,5 степени по Рихтеровата скала. Потресот беше регистриран во 4:20 часот утрово на два километра североисточно од Петриња.
Синоќа сеизмолозите известија дека вчера до 20 часот и 40 минути се регистрирани 46 потреси во епицентралното подрачје на Петриња.