Ова е вторпат американските и британските сили заеднички да ги нападнат милитантните бунтовници хути, поддржани од Иран, како одмазда за постојаните напади на групата врз бродови во Црвеното Море

САД и Велика Британија вчера извршиле дополнителни напади врз цели на хутите во Јемен, што го одбележа осмиот круг напади на американската војска врз инфраструктурата на бунтовниците за нешто повеќе од 10 дена, се вели во заедничката изјава која ја пренесува Си-ен-ен.
Нападите биле насочени кон подземно складиште на хутите и локации поврзани со ракетен и воздушен надзор, се додава во соопштението. Според Си-ен-ен, биле погодени осум цели.
Ова е вторпат американските и британските сили заеднички да ги нападнат милитантните бунтовници хути, поддржани од Иран, како одмазда за постојаните напади на групата врз бродови во Црвеното Море.
САД и Велика Британија рекоа дека се обидуваат да го заштитат слободниот проток на трговијата.
Во заедничката изјава се зборува за „дополнителен круг на пропорционални и неопходни удари“ против хутите.
„Наша цел останува деескалација на тензиите и повторно воспоставување стабилност во Црвеното Море, но го повторуваме нашето предупредување до раководството на хутите – нема да се двоумиме да ги браниме животите и слободниот проток на трговија во еден од светските најкритични водни патишта наспроти постојаните закани“,
се додава во соопштението кое го пренесува Си-ен-ен.
Како дел од нападите, САД распоредија борбени авиони од носачот на авиони „УСС Двајт Д Ајзенхауер“, вели во изјава за Си-ен-ен претставник на американската одбрана.
Од британското Министерство за одбрана соопштуваат дека при планирањето на нападот била применета многу ригорозна анализа со цел да се минимизира секој ризик од цивилни жртви.
По последните напади од САД И Велика Британија, „Гардијан“ пренесува дека јеменските хути ветиле одговор.
Мохамад Али ал Хути, кој е со врховниот револуционерен комитет на хутите во Јемен, во објава на Икс вели дека секоја операција и секоја агресија против земјата нема да биде без одговор.
نقول للأمريكي والبريطاني من هذه الساحة المباركة ومن بين أبناء صنعاء الجديدة من بين القبائل هذه الكريمة نقول له، ثق جيداً أن كل عملية وكل عدوان على بلدنا لن يكون بدون رد، وترقّب الرد في كل دقيقة، إن لم يكن في كل ثانية ففي كل دقيقة يجب أن تترقب أن هناك رد قادم وأنه لا محالة سيكون… pic.twitter.com/QZuk47tUK1
— محمد علي الحوثي (@Moh_Alhouthi) January 22, 2024
Високиот политички функционер и портпарол на јеменските бунтовници хути, Мохамед ал Бухаити, исто така, претходно објави: „Американско-британската агресија само ќе ја зголеми решеноста на јеменскиот народ да ги извршува своите морални и хуманитарни одговорности кон угнетените во Газа“.
The American-British aggression will only increase the Yemeni people’s determination to carry out their moral and humanitarian responsibilities towards the oppressed in Gaza.
— محمد البخيتي(Mohammed Al-Bukhaiti) (@M_N_Albukhaiti) January 22, 2024
The war today is between Yemen, which is struggling to stop the crimes of genocide, and the… pic.twitter.com/C4bhcHLjNv
Хутите велат дека нивните напади врз бродовите имаат за цел да стават крај на израелската воздушно-копнена офанзива во Појасот Газа.