Од Здравство велат дека новоименуваните директори функцијата почнале да ја извршуваат од вчера

Нови директори од вчера раководат со Клиниката за токсикологија и со Универзитетскиот институт за клиничка биохемија, информираат од Министерството за здравство.
На местото на досегашниот директор д-р Андон Чибишев, сега на Клиниката за токсикологија е именуван д-р Арѓенд Имери.
Од Здравство велат дека од вчера за в.д. директорка на Универзитетскиот институт за клиничка биохемија е именувана д-р Мимоза Бафќари-Бакији, која доаѓа на местото на д-р Николина Граздановска.
Нови директори претходно беше објавено дека имаат и Клиниките за неврологија и за кардиологија.
На Клиниката за неврологија за нов директор е поставен д-р Игор Кузмановски, а на Клиниката за кардиологија д-р Даница Петкоска-Спирова.
Д-р Кузмановски доаѓа на местото на д-р Фатмир Меџити, а Петкоска-Спирова на местото на примариус д-р Беким Поцеста.
Од Здравство велат дека новоименуваните директори функцијата почнале да ја извршуваат од вчера.