Во последново деноноќие во земјава се регистрирани 946 случаи на ковид-19 од вкупно направени 2 564 теста. Битката со вирусот ја изгубија вкупно 33 лица. Како што информира Министерството за здравство денеска се регистрирани и 789 оздравени пациенти.
Нови случаи на ковид-19 по градови се во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, Струмица-15, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-24, Валандово-2, Виница-1, Делчево-11, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-13, Ресен-15, Неготино-20.
Оздравените пациенти по градови се од: Скопје-295, Куманово-46, Штип-46, Прилеп-56, Тетово-38, Струга-15, Велес-26, Битола-28, Охрид-60, Кавадарци-12, Гостивар-31, Гевгелија-10, Струмица-22, Крива Паланка-10, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-3, Кратово-7, Свети Николе-11, Кичево-19, Ресен-9 и Неготино-9.
Починати се 33 лица, девет пациенти од Скопје (62, 62, 63, 67, 79, 66, 74, 81 и 68г), еден од Куманово (70г), еден од Штип (89г), шест пациенти од Прилеп (43, 78, 70, 82, 60 и 85г), еден од Тетово (72г), четири од Струга (60, 71, 65 и 79г), еден од Велес (71г), еден од Битола (55г), еден од Гостивар (76г), еден од Гевгелија (53г), еден од Струмица (73г), еден од Крива Паланка (62г), еден од Пробиштип (70г), двајца од Берово (88 и 63г), еден од Кратово (71г) и еден пациент од Кичево (67г). Од нив едно лице е починато вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 63 890, бројката на оздравени пациенти е 40 977, на починати е 1 825, а бројот на активни случаи изнесува 21 088. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 27890, активни 10273
• Куманово 3841, активни 884
• Дебар 467, активни 102
• Штип 2739, активни 510
• Прилеп 3147, активни 1002
• Тетово 3905, активни 917
• Струга 1507, активни 445
• Велес 2058, активни 681
• Битола 2173, активни 914
• Охрид 1669, активни 575
• Кавадарци 1316, активни 503
• Гостивар 2645, активни 936
• Гевгелија 766, активни 233 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 135 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1756, активни 556
• Крива Паланка 449, активни 130
• Радовиш 444, активни 116
• Крушево 136, активни 73
• Кочани 1252, активни 227
• Пробиштип 368, активни 88
• Демир Хисар 203, активни 74
• Македонски Брод 175, активни 50
• Пехчево 102, активни 21
• Берово 391, активни 105
• Валандово 223, активни 64
• Виница 379, активни 146
• Делчево 473, активни 213 (141 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 156, активни 44
• Свети Николе 853, активни 224
• Кичево 1300, активни 465
• Ресен 479, активни 190
• Неготино 628, активни 327 (89 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)