Министерството за здравство информира дека од 1 649 тестови во последното деноноќие, регистрирани се 89 нови слчаи на ковид 19 од кои, во Скопје – 46, Битола – 14, Прилеп – 11, Тетово, Струмица и Неготино – по 3,Кавадарци и Охрид – по 2, Куманово, Гевгелија, Штип, Струга и Кичево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (89), регистрирани се 15 реинфекции.
Оздравени се 55 пациенти, а во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица.
Досега во Македонија се направени вкупно 1 996 485 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308 605, бројот на оздравени пациенти е 298 306, на починати е 9 261, а бројот на активни случаи изнесува 1 038.
