Од вкупниот број хоспитализирани, околу една третина се во ковид-центрите во Скопје
Вкупната бројка на пациенти со ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1 720 и има околу 240 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 87 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 45 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 20 примени пациенти и 11 биле примени на Инфективната клиника, 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести, а во Козле не биле примени нови болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 316 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 142 пациенти, а на Клиниката за инфективни болести 155 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 11 болни.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1 034 пациенти.
Според извештаите од болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 99 пациенти, во Штип се хоспитализирани 82 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 52 пациенти, во Велес се лекуваат 89, а во Куманово 173 пациенти. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 127 во ковид-центарот во Гостивар 42, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 87 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 23, Кавадарци 79, а во Гевгелија 21.