Во Македонија има вкупно 9 539 активни случаи на ковид-19
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие, од 6 531 тестирање, регистрирани се вкупно 632 нови случаи на ковид-19.
Најмногу новозаразени има во Скопје – 470, потоа Охрид – 35, Прилеп – 25, Кавадарци и Штип – по 17, Струмица – 14, Велес – 10, Гевгелија – 9, Кичево – 5, Неготино – 4, Куманово – 3, Тетово, Битола, Гостивар, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово и Богданци – по 2, Кочани, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Делчево, Виница и Пробиштип – по 1.
Регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (68г и 76г) и Битола (40г и 75г) и по едно починато лице од Прилеп (67г), Охрид (72г) и Крушево (74г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се 4 лица, по едно лице од Прилеп, Кратово, Дебар и Гостивар, кои починале во период од 20.12.2021 до 05.01.2022г.
Денеска се регистрирани и 248 оздравени пациенти.
Во Македонија има вкупно 9 539 активни случаи на ковид-19.