Од 494 новозаразени, 105 се реинфекции. Оздравеле 276 пациенти, а во последото деноноќие нема регистрирано пациенти починати од ковид-19
Повеќе од половина од новозаразените, или вкупно 251 од 494 случаи се во Скопје, а главниот град е на врвот на листата со најмногу активни случаи – 1 231 во моментов
Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се нови 494 случаи на ковид-19 од вкупно направени 1 365 тестови.
Од новите 494 случаи, 105 се реинфекции. Оздравеле 276 пациенти, а во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Од 494 новозаболени од Скопје се 251, Битола и Охрид – по 38, Куманово и Велес – по 23, Тетово – 19, Прилеп – 17, Кавадарци – 11, Гостивар – 10, Гевгелија – 8, Кочани – 7, Струга – 6, Штип и Крива Паланка – по 5, Струмица, Неготино и Радовиш – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, Делчево, Берово, Валандово, Виница и Пробиштип – по 2, Кичево и Македонски Брод – по 1.
Комисијата за заразни болести веќе најави дека утре ќе одржи состанок на којшто ќе се дискутира за состојбата со коронавирусот во државата.
Досега во земјата се направени вкупно 2 094 710 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 317 634, бројот на оздравени пациенти е 305 988, на починати е 9 337, а на активни случаи изнесува 2 309
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 150253, Активни 1 231
Куманово 16 946, Активни 116
Битола 16 041, Активни 152
Прилеп 14 381, Активни 82
Тетово 13 642, Активни 82
Кавадарци 10 874, Активни 77
Велес 9 966, Активни 87
Гостивар 9 695, Активни 43
Охрид 9 162, Активни 108
Штип 8 196, Активни 59
Струмица 8 171, Активни 43
Кичево 5 693, Активни 17
Кочани 5 169, Активни 35
Струга 4 769, Активни 20
Гевгелија 4 455, Активни 21
Неготино 3 741, Активни 21
Ресен 2 772, Активни 10
Свети Николе 2 650, Активни 7
Радовиш 2 555, Активни 19
Крива Паланка 2 438, Активни 16
Делчево 2 004, Активни 12
Берово 1 697, Активни 4
Дебар 1 686, Активни 2
Валандово 1 501, Активни 10
Виница 1 401, Активни 3
Пробиштип 1 283, Активни 9
Богданци 1 031, Активни 6
Кратово 979, Активни 9
Крушево 933, Активни 0
Демир Хисар 841, Активни 2
Македонски Брод 746, Активни 3
Демир Капија 596, Активни 1
Македонска Каменица 525, Активни 0
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 356, Активни 2.