Бројот на активни случаи се искачи на 1 618, од кои 486 во Тетово и 474 во Скопје
Во последните 24 часа, од направени 7 647 тестирања, а регистрирани се 378 нови случаи со ковид-19.
Од нив најмногу се во Скопје – 118, потоа Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово – 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2, Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод – по 1.
Има и едно починато лице, од Скопје (71г) во болнички услови.
Регистрирани сe 25 оздравени пациенти од: Скопје – 11, Тетово – 7, Куманово – 4, Битола, Гостивар и Кавадарци – по 1.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 157 627, бројот на оздравени пациенти е 150 506, на починати е 5 503, а на активни случаи изнесува 1 618.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови на заболени и активни случаи е следна:
Скопје 69261, Активни 474
Куманово 9035, Активни 128
Прилеп 8351, Активни 21
Тетово 7838, Активни 486
Битола 6358, Активни 46
Велес 5486, Активни 10
Гостивар 5374, Активни 176
Кавадарци 5170, Активни 13
Охрид 5048, Активни 27
Штип 4975, Активни 11
Струмица 4176, Активни 46
Струга 3007, Активни 24
Кочани 2814, Активни 18
Кичево 2658, Активни 50
Гевгелија 2197, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1528, Активни 3
Ресен 1236, Активни 2
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1172, Активни 10
Берово 1043, Активни 11
Делчево 974, Активни 0
Дебар 980, Активни 36
Виница 892, Активни 6
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 674, Активни 5
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 365, Активни 6
Пехчево 276, Активни 7
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0
Поради зголемениот број случаи на заразени во Тетово, Комисијата за заразни болести ќе предложи рестриктивни мерки за овој регион.