Од 2 853 тестирања во последното деноноќие потврдени се нови 23 случаи на ковид-19, регистрирани се 32 оздравени лица, а четворица пациенти ја изгубија битката со вирусот.
Новите случаи по градови се од: Скопје – 9, Куманово и Прилеп – по 3, Струмица и Кичево – по 2, Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш – по 1.
Оздравените 32 пациенти се од: Скопје – 13, Радовиш – 4, Битола и Кратово – по 3,Прилеп – 2, Гостивар, Куманово, Штип, Струмица, Кочани, Кичево и Берово – по 1.
Пријавени се вкупно 4 починати лица: 3 лица од Скопје (76г,76г и 77г) и едно лице од Куманово (71г).
Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 818 746 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка дијагностицирани лица со ковид во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155 441, бројката на оздравени пациенти е 149 528, на починати е 5 462, а бројот на активни случаи изнесува 451.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68 576, Активни 214
Куманово 8 848, Активни 40
Прилеп 8 314, Активни 33
Тетово 7 220, Активни 19
Битола 6 298, Активни 15
Велес 5 469, Активни 2
Гостивар 5 180, Активни 15
Кавадарци 5 153, Активни 2
Охрид 5 008, Активни 19
Штип 4 959, Активни 2
Струмица 4 113, Активни 8
Струга 2 982, Активни 8
Кочани 2 789, Активни 6
Кичево 2 570, Активни 22
Гевгелија 2 195, Активни 4
Неготино 2 184, Активни 4
Свети Николе 1 523, Активни 2
Ресен 1 234, Активни 1
Крива Паланка 1 220, Активни 1
Радовиш 1 161, Активни 8
Берово 1 029, Активни 1
Делчево 972, Активни 4
Дебар 940, Активни 1
Виница 886, Активни 10
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 375, Активни 2
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 2
Дојран 132, Активни 0
