Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 64 оздравени пациенти во: Скопје – 17, Куманово – 9, Прилеп – 12, Тетово – 3, Струга – 12, Охрид – 9, Гостивар – 1 и Кичево – 1. Во изминатите 24 часа направени се 145 тестирања, а потврдени се 22 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 13, Прилеп – 2 и Тетово – 7.
„Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација двајца пациенти. Во ГОБ ‘8 Септември’ примени се пет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 18. На респираторна машина се четворица пациенти и уште четири се со потешка клиничка слика“,
информираат од Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани двајца пациенти сомнителни на ковид-19, а на домашно лекување се следат тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно седум, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Направените 145 теста се преку: ИЈЗ – 122, Ветеринарен факултет – 0, Авицена – 0, Биотек – 0, Филип Втори (Жан Митрев) – 17, Систина со PCR-метода – 0 и МАНУ – 6. Досега во земјата се направени вкупно 19 241 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 664, бројката на оздравени пациенти е 1 200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373 и согласно ова последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 563, активни 128
• Куманово – 408, активни 44
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 35, активни 2
• Прилеп – 178, активни 58
• Тетово – 117, активни 58
• Струга – 67, активни 4
• Велес – 107, активни 49
• Битола – 23, активни 4
• Охрид – 15, активни 0
• Кавадарци – 5, активни 1
• Гостивар –19, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка – 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 5
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 2
• Делчево – 1, активни 1
• Валандово – 1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово – 2, активни 2
• Берово – 1, активни 1
