Новата терапија за лекување ковид-пациенти, која веќе се применува во САД, се очекува да пристигне во земјава идната недела.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни дека се работи за терапија што влијае на намалувањето на репликацијата на вирусот.
„Тоа е терапија на едно специфично антитело што ја набавуваме преку заедничкиот систем на набавка на Европската Унија. Веројатно во текот на следната недела треба да пристигне. Има специфична индикација кога се дава – на почеток на болеста, во раната фаза,
изјави Филипче.
Каде ќе биде распоредена новата терапија, ќе одлучува мини-кризниот штаб во кој членуваат директорите на клиниките.
Во однос на лекувањето на пациентите што имаат тешка клиничка слика, како што посочи министерот, се применуваат сите потребни терапии, но, за жал, многу често терапијата не дава резултати. Тоа е случај и кај пациенти што навреме се јавиле кај доктор и кај оние што доаѓаат со потешка клиничка слика.
„Сведоци сме на многу брзи влошувања и многу тешка клиничка слика“,
рече Филипче.