Со 101 глас попладнево пратениците ја изгласаа новата техничка влада, на чие чело е доегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Во неа, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, влегоа Наќе Чулев и Рахела Мизрахи, како министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика.
На нова позиција замина и Мила Царовска, која сега ќе биде вицепремиерка за економски прашања.
По изгласувањето на техничката влада, нејзините членови направија и „фемили фото“ во холот на Собранието.
*Поврзани вести:
Изгласана техничката влада – 101 пратеник гласаа ЗА
Именувани замениците-министри во техничката Влада
Како ќе се избира техничката влада и кои ќе бидат правата и обврските на новите членови