Опремата е од американските воени резерви, а вклучува муниција за ракетниот систем Химарс, артилериски гранати, ракети и противтенковско оружје
Властите во Америка објавија дека ќе испратат оружје во вредност од 275 милиони долари за да ѝ помогнат на Украина да ја одбие руската офанзива во близина на Харков.
Опремата е од американските воени резерви, а вклучува муниција за ракетниот систем „Химарс“, артилериски гранати, ракети и противтенковско оружје, соопшти американскиот Стејт департмент, додавајќи дека оружјето ѝ е итно потребно на Украина.
Ова е петта пратка одобрена од претседателот Џо Бајден откако Конгресот го усвои пакетот помош од 61 милијарда долари кон крајот на април.
Според државниот секретар Ентони Блинкен, сè што досега е испратено од САД како помош за Киев веќе е пристигнато на фронтот.
