Според портпаролот на пакистанската војска, соборени биле индиски беспилотни летала на девет локации – вклучувајќи во близина на Карачи и во Лахор. Индија потврди дека погодила „терористичка инфраструктура“ на девет локации во Пакистан за време на нападот и оти ниту еден цивил не е повреден

ФОТО: EPA-EFE/FAISAL KAREEM
Најмалку 13 цивили се убиени, а 59 се ранети во пакистанските напади на индиската страна од регионот Кашмир, соопшти денеска индиската влада.
„Пакистанската армија испука лесно оружје и артилерија преку линијата на контрола што го дели Кашмир, на што индиската армија одговори пропорционално“,
рече потполковник Сунил Бартвал.
Повеќето цивили се загинати во село на северозапад, по должината на линијата на контрола што го дели спорниот регион Кашмир меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи.
Според најновите податоци, на пакистанската страна загинале најмалку 31 лице.
Пакистан започна артилериски напади на индиска територија како одговор на нападите на индиските сили кои претходно ја таргетираа пакистанската територија како одмазда за смртоносниот напад од 22 април.
Пакистанскиот премиер вети одмазда по смртоносниот индиски ракетен напад, велејќи дека Индија „сега ќе мора да ја плати цената“ за својата „очигледна грешка“.
Во телевизиско обраќање вчера на државната телевизија ПТВ, Шехбаз Шариф го коментираше нападот врз пакистанската покраина Пенџаб и деловите од Кашмир што се под пакистанска администрација.
„За очигледната грешка што ја направи Индија, тие ќе мора да ја платат цената сега. Можеби мислеа дека ќе се повлечеме, но заборавија дека ова е нација на храбри луѓе“,
рече тој.
Според портпаролот на пакистанската војска, соборени биле индиски беспилотни летала на девет локации – вклучувајќи во близина на Карачи и во Лахор и оти нивните остатоци се собираат
Индија тврди дека погодила „терористичка инфраструктура“ на девет локации во Пакистан за време на нападот, а според индискиот министер за одбрана ниту еден цивил не е повреден.