Вакцинираните посетители од ЕУ мора да прикажат и негативен тест во рок од 24 часа по влегувањето во Италија за да можат слободно да се движат
Во Италија стапува на сила регулативата за задолжителен карантин за невакцинираните посетители од другите земји на Европската Унија со цел да се спречи ширење на варијантата омикрон.
За посетителите кои не се од земјите од ЕУ и не се вакцинирани карантинот е 10 дена.
Указот за задолжителен карантин вчера го потпиша италијанскиот министер за здравство.
Вакцинираните посетители од ЕУ мора да прикажат и негативен тест во рок од 24 часа по влегувањето во Италија за да можат слободно да се движат.