Опожарувањето на возила во Париз за Нова година се врати, објави Би-би-си. Синоќа, во главниот град на Франција биле опожарени вкупно 874 возила.
Бројот на инцидентите кој е незамислив за остатокот од Европа па и пошироко, сепак се гледа низ позитивна призма во Франција. Причината е што што минатите години имало уште повеќе опожарени возила за Нова година. Министерот за внатрешни работи, на пример, изјавил дека при дочекот на 2019 година имало повеќе такви инциденти, а сега биле и уапсени далеку повеќе луѓе. Во 2020 година немаше многу слични инциденти во Париз, бидејќи во градот имаше полициски час како дел од мерките за спречување на ширењето на ковид-19.

Опожарувањето на возила стана еден вид на годишен „настан“ во предградијата на француските градови по нередите од 2005 година. Нередите, пак, беа предизвикани од смртта на две млади лица. Додека полицијата истражувала грабеж во зграда, група млади лица кои живееле во околината почнале да бегаат поради страв дека ќе бидат испрашани. Тројца се скриле во потстаница за електрична енергија, при што две лица загинале. Во следните неколку недели низ цела Франција се одвиваат насилни протести, првично за смртта на двајцата младинци, но потоа добиваат и социјална димензија – за невработеноста кај младите од сиромашните предградија.
Синоќа, за Нова година, во Франција на должност биле 95 000 полицијаци и жандарми, вклучувајќи и 32 000 пожарникари и лица за обезбедување.